Home Актуелно Денес стабилизација: Сончево со умерена облачност и слаб ветар

Денес стабилизација: Сончево со умерена облачност и слаб ветар

Вториот петок во 2019 година носи стабилизација на метеоролошките услови и сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Само во западните делови од земјата претпладне ќе има услови за слаб снег.

Утринската температура, според УХМР, ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од минус четири до три степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе достигне до еден степен.

Од утре попладне до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините. Во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…