Home Актуелно Денес сонце, утре повторно дожд

Денес сонце, утре повторно дожд

Денес во Македонија ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне во некои котлини ќе има магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната 10 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне со утринска магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 14 степени. Во Маврово 10, Охрид и Битола 15, Кавадарци 16, Крива Паланка 14, Берово 13, Дојран 17.

Од утре до сабота ќе дува умерен до засилен ветер и ќе има локални врнежи од дожд, позастапени во западните делови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…