Home Актуелно Денес сончево и топло, од понеделник пад на температурите

Денес сончево и топло, од понеделник пад на температурите

Во Македонија денес ќе преовладува претежно сончево и топло време со појава на локална облачност. Попладне во северозападните планински предели со услови за слаби и локални врнежи од дожд.

Ќе дува доумерен северен и североисточен ветер кој ќе достигнува брзина и до 20 км/ч. Утринските температури идентични на денешните и ќе се движат од 10 до 21 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 26 односно до 36 степени. УВ индексок ќе има вредност 8.

Во Скопје денес ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и топло. Ќе дува доумерен северен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната дневна до 33 степени. УВ индекс 8.

До недела ќе преовладува претежно сончево и топло време со максимални дневни температури од 28 до 38 степени. Во понеделник промена на временската состојба и температурен шок, облачно со врнежи од дожд, ветровито и свежо време со температури кои ќе се движат од 16 до 26 степени, температури кои што ќе бидат за 12 до 15 степени пониски од претходниот ден.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…