Денес сончево со умерена облачност


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер, кој повремено ќе се засилува, особено долж Повардарието и во источните делови.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 5 до 16 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 2 и дневна до 13 степени.

Преодно зголемување на облачноста ќе има во четврток и во недела, кога ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките планини слаб снег. Утринските температури на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст, особено за викендот и во првите денови од наредната недела