Апелација на отворена седница ќе решава за притворот на Сеад Кочан

Скопскиот Апелациски суд, во среда по жалбата на адвокатот Никола Додевски, ќе одлучува за притворот на Сеад Кочан, првоосомничен во случајот Труст на СЈО.

Скопска Апелација ќе одлучува по решението на Кривичниот суд од минатиот четврток со кое на Сеад Кочан, како управител на компанијата Трансмет, му беше одреден триесетдневен притвор.

Кочан е недостапен за органите на прогонот и по него е распишана меѓунардона потерница. Адокатот на Кочан, Никола Додевски тврди дека неговиот клиент е на службен пат.

СЈО на 25.февруари отвори истрага против правните лица Трансмет, Силекс неметали СТ и ВАТО од Студеничани за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), од кој се здобиле со противправна имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра.

Покрај Кочан, осомничен е и Василије Авировиќ, а за него СЈО побара и доби само мерки на претпазливост.