Home Актуелно Денес облачно со локални врнежи од дожд

Денес облачно со локални врнежи од дожд

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 2 до 8 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 5 и дневна до 18 степени.

Во четврток врнежите ќе престанат, а температурата на воздухот ќе опадне за 2 до 4 степени. Од петок попладне ветерот ќе го промени правецот во југоисточен. Температурата на воздухот повторно ќе се покачува.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…