Home Актуелно Денес Атина официјално ќе го извести Скопје дека го ратификувала Преспанскиот договор

Денес Атина официјално ќе го извести Скопје дека го ратификувала Преспанскиот договор

Официјална Атина се очекува денес да испрати вербална нота до официјално Скопје, со која ќе го информира дека Грција го ратификувала Преспанскиот договор и протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Во петокот грчкиот парламент даде зелено светло за протоколот, а на 25 јануари го ратификуваше и Преспанскиот договор.

Следниот чекор е Северна Македонија да ги информира ООН, како и сите земји-членки, за влегувањето во сила на новото уставно име.

Од денес, Скопје, исто така, почна да ги менува имињата на улиците, објекти и документите кои го носат старото име на земјата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…