Home Спорт Дембеле се упропасти: Барса го пронајде виновникот (видео)

Дембеле се упропасти: Барса го пронајде виновникот (видео)

Фудбалерите на Барселона после победата од 3:0 на „Камп Ноу“ синоќа доживеаа дебакл на „Енфилд“ и загубија со 4:0.

После натпреварот се бараше виновникот за шокантната елиминација, а во Шпанија веднаш го посочија главниот виновник.

Имено, еден детал од првиот полуфинален меч многу влијаеше на конечниот исход и во голема мера го одлучи финалистот.

Во последните минути од мечот на „Камп Ноу“, Осман Дембеле имаше чиста шанса да зголеми на 4:0, но реагираше „аматерски“ и се посрамоти иако беше сам пред Алисон.

Каталонските медиуми денес покажаа „со прст“ кон Дембеле како главен виновник за елиминацијата.

https://youtu.be/jRrbOxZ9lcU

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…