Делот од телото кој прв го миете под тушот открива многу за вас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога станува збор за личната хигиена, сите ние имаме некоја рутина до која се држиме, свесно или несвесно.

Различни луѓе не посветуваат исто хигинеско внимание на исти делови од телото, а Bright Side прави една „систематизација“ според која се открива по нешто за вашиот карактер врз основа на тоа кој дел од телото прв го миете под тушот.

Нормално, имајте во предвид дека ова е статија од забавен карактер која има за цел малку да ве опушти, а не да ви даде стручно мислење или да ве натера на радикални лични промени.

Лице

Ако лицето е првиот дел од телото кој го миете, тоа значи дека вие посветувате големо внимание на вашите сетила – слухот, вкусот, допирот, видот и мирисот. Тоа значи дека многу се грижите за тоа како ве перцепираат другите. Често сте анксиозни и се прашувате што другите мислат за вас. Неретко сте фрустрирани или под стрес, тешко поднесувате да чуете непријатни муабети за вас.

Нозе и раце

Ако нозете први на кои им посветувате внимание при туширањето, веројатно сте скромна и приземна личност. Но, постои и друга симболика. Рацете и нозете се сметаат за симбол на сила, па ставањето приоритет врз нив е знак за вашата сила и енергија јасно да го искажете вашето мислење.

Ако прво ги миете пазувите, веројатно сте популарна и доверлива личност. Исто така, немате проблем со напорната работа.

Интимните делови

Веројатно сте доста срамежливи по карактер, интровертна личност со низок степен на самодоверба. Во голема група на луѓе ретко ви обрнуваат внимание, но оние кои ве познаваат, знаат дека сте искрени. Иако често се откажувате од борбата за себе, оние кои ви се блиски, се чувствуваат удобно во ваше друштво.

Гради

Вие сте самоуверена личност која се чувствува удобно во своја кожа. Практични сте и директни, одлучни и независни. Ретко се збунувате, а луѓето ви се восхитуваат поради вашата самостојност.

Коса

Сакате дисциплина и ред. Миењето на највисокиот дел од телото укажува на тоа дека имате моќни и силни убедувања и се сметате за практична личност. Знаете да управувате со вашето време и познати сте по својата практичност.

Врат и рамена

Највнимателните и најгрижливи луѓе најчесто прво ги мијат вратот и рамената, кои го симболизираат товарот кој го носат. Вие сте позитивна и амбициозна личност и истото го очекувате и од другите. Имате натпреварувачки карактер и сакате да бидете чекор пред останатите.

Грб

Грбот симболизира самосвест, бидејќи ги вклучува ’рбетот и нервниот систем. Доста сте резервирани и внимателни и не верувате баш на сè што ќе чуете.