Дечково го држи Гинисовиот рекорд за најголема уста на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се вика Исак Џонсон, има 14 години, а е носител на титулата „најголема уста на светот“ со која влезе во Гинисовата книга на рекорди. Џонсон го срушил веќе поранешниот рекордот и го поставил новиот светски рекорд за најмногу отворена уста.

Исак отсекогаш знаел дека по нешто се разликува од другите деца, но во 2016-та година сфатил дека со својот “талент“ може далеку да стигне.

Поради тоа тој еден ден одлучил да ја прелиста книгата на неговиот брат за Гинисов рекорд во која открил дека всушност постои категорија и за неговата неверојатна способност – отворање на устата на ширина од околу 9 центиметри.

Во видеото може да видите како Исак во устата става бејзбол топче, шише, разни големини на овошје за да покаже колку се големи.