Home Спорт Де Бур: Жално е што Рашфорд игра за Мурињо

Де Бур: Жално е што Рашфорд игра за Мурињо

Поранешниот тренер на Ајакс и Интер, Франк Де Бур изјави дека е „жално“ Маркус Рашфорд да игра за Манчестер Јунајтед под водство на Жозе Мурињо.

Де Бур беше гостин на „BT Sport“ по дербито меѓу Јунајтед и Ливерпул, и го критикуваше Мурињо за неговиот однос со Рашфорд.

„Жално е што тренер му е Мурињо, бидејќи во спротивно како Англичанец тој треба да добива време на теренот и да има право на грешки. Но кај Мурињо нема такво нешто. Тој сака резултати“, смета Де Бур.

„Еден или два послаби натпревари и си во аут. Но Рашфорд треба да игра, тој е млад и полн со талент. Сакам да го гледам секој викенд“, додаде Холанѓанецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…