Даниел, што ти се случило на челото?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Славните филмски актери Даниел Крег и Хавиер Бардем, кои се колеги и соработници од филмот Skyfall, учествуваа во шоуто Actors on Actors на American Media Variety, во кое две филмски или ТВ ѕвезди се интервјуираат еден со друг.

Откако направил интервју кое траело повеќе од 20 минути, Бардем забележал дека Крег има нешто на челото од каде му течело крв за време на целото интервју.

„Да ти го поставам последното прашање. Што ти се случило овде? “прашал Бардем покажувајќи на челото.

„Каде? Дали имам сендвич на главара?” Крег се пошегува. Потоа отишол да се погледне во огледало и го објаснил потеклото на раната која во тој момент крварела.

„Ми испратија прекрасно светло во облик на круг и го ставив iPad на среде. Само ми падна на глава непосредно пред интервјуто”, низ смеа изјавил актерот, а Бардем додал дека таков го направил целото интервју.

Крег се пошегува дека секогаш се повредува на снимања.

„Го играв Џејмс Бонд 17 години. Не е ни чудо што секогаш се повредувам кога снимам. Ако не се повредам додека снимам, не го правам тоа како што треба”, рекол Крег.