
Ќерката на Мишо Ковач по сè изгледа ја наследила љубовта кон музиката од својот татко.
И не само тоа, Ивана Ковач е надарена со музички талент на кој дури и нејзиниот горд татко би можел да ѝ позавиди.
Еден период таа пееше во групата „Магазин“, каде што, како што истакнува, добивала критики поради нејзината црна коса.
Публиката беше навикната пејачката на „Магазин“ да биде русокоса, па затоа ќерката на Мишо Ковач набрзо проба соло кариера и не се покаја.
Денес таа подготвува дует со Дражен Зечиќ, а во првото интервју по подолго време зборуваше и за својот татко, како и за нејзината седумгодишна наследничка.
– Кога Нено малку ќе одмори, продолжуваме со нови песни. Имаме всушност многу подготвено, само треба да одредиме што оди прво.
– Сè потешко е да се најде песна што навистина ќе ми се допадне, па тука ме спасува Нено – истакна Ивана, а потоа објасни како се носи со мајчинството и обврските околу нејзината седумгодишна Елена, која ја доби во врската со својот долгогодишен партнер Елвир Хасанходжиќ.
– Голема е, прво одделение. Одлична е на училиште, сè си завршува како што треба, многу е одговорна.
Ивана на крајот од разговорот за Story.hr откри како се чувствува Мишо.
– Мишо е дома. Знаете дека не сака многу да излегува, не сте го гледале често ни кога беше во центарот на вниманието, а камоли сега. Што се однесува до здравјето, добро е, се држи. Тоа се тие „гени камени“, карпа е тој, хаха – заклучи таа.