Снелинг, поранешна членка на STUNT навивачкиот тим на Универзитетот во Кентаки, беше уапсена во август 2025 година, откако нејзините цимерки во плакарот пронашле „крпа натопена со крв и пластична кеса со траги што укажувале на породување“.
Цимерките ја повикале полицијата откако го пронашле телото на новороденчето, кое било студено на допир.

Кога првично била испрашувана од полицијата, Снелинг „признала дека се породила“ и дека „се обидела да го прикрие породувањето така што ги исчистила сите траги, а сите употребени средства за чистење ги ставила во црна вреќа за ѓубре, заедно со новороденчето, кое било завиткано во крпа“.
Неколку моменти по породувањето, Снелинг им кажала на властите дека се онесвестила врз телото на бебето, а кога се разбудила го затекнала „сино и виолетово“.

Според полицискиот извештај, при разговор со медицинскиот персонал на одделот за породување на Универзитетот во Кентаки, Снелинг изјавила дека „бебето испуштило тивок звук“ и дека „претпоставувала“ оти било живо.
Откако била уапсена, а потоа пуштена во домашен притвор, во март ѝ била поднесена и дополнителна обвинителна точка за убиство од небрежност, откако било утврдено дека бебето било живо во моментот на раѓањето.
Извор: US Weekly