
Наташа Беквалац, мајка на две девојчиња, во последно време е особено посветена на воспитувањето на своите ќерки. Посебно внимание обрнува на односот со ќерката Хана, која поминува низ периодот на пубертет.
Наташа откри дека моментално училиштето не е приоритет за нејзината ќерка, дека ужива во излегувањата, но дека сепак ја има нејзината доверба.
– Се разбираме сè подобро, разликата помеѓу Хана и Каќа е огромна, тоа е вистински ролеркостер секој ден. Ханиниот пубертет не стивнува, а Каќа бара внимание – изјави Наташа.
– Мислам дека го поминавме најлошото, се смиривме со Хана, бидејќи бевме во таква фаза што ме нервираше од моментот кога ќе станам, па додека не легнам. Бевме како рогови во вреќа, но сега сè се враќа на старо. Кај мене многу работи се дозволени, но во граници на нормалното – додаде.
Постарата ќерка на Наташа Беквалац наскоро ќе наполни 18 години, но кога станува збор за училиштето, Наташа открива дека Хана нема особена заинтересираност.
– Кога Хана ќе ја заврши средното училиште, ќе се слави големо славје, бидејќи моментално не покажува интерес за ништо друго освен за еден удобен и раскошен живот.
Зборувајќи за нивниот однос, Наташа истакнува дека најважно ѝ е да не ја изневери довербата на Хана.
– Хана сега би дошла на мој концерт. Да ја прашав порано, не би дошла. Се прави важна. Каќа е премала за концерти и настани. Хана летово беше на еден фестивал во Белград. Ја поддржав во тоа. Многу се грижам кога излегува некаде. Важно ми е во секој момент да знам каде е и што прави. Секогаш се договараме кога ќе се врати. Најважно е да не ја изневери мојата доверба така што ќе се врати половина час подоцна од договореното време – изјави Наташа за „Блиц“, па додаде:
– Не се тоа некои големи казни. За секоја грешка, постојат последици. Не сум строга, но удирам таму каде што најмногу боли – телефонот и излегувањето.