Home Живот и здравје Дали знаете зошто се менува бојата на очите кај бебињата?

Дали знаете зошто се менува бојата на очите кај бебињата?

Бојата на очите кај бебињата, како и многу други физички карактеристики, е наследна и зависи од родителите, но и од малку повозрасните претци како бабите и дедовците.

Бебињата од бела раса најчесто се раѓаат со сини или сиви очи, а останатите речиси секогаш имаат темни очи.

Важен фактор при одредувањето на бојата на очите, е меланинот – пигмент кој ја определува и бојата на кожата, на косата, и кој реагира на сончевата светлина. Тоа влијае на потемнувањето на кожата, а можеби и на промена на бојата на очите на бебето, посочуваат новите истражувања.

Луѓето кои имаат помало количество од овој пигмент во себе, имаат сини или сиви очи, а оние кои го имаат во малку поголемо количество – зелени, кафени и црни очи.

По раѓањето, без разлика на генетиката, бебето произведува малку меланин, па затоа повеќето имаат сини или сиви очи. Како што бебето е поизложено на светлина, расте и лачи меланин, бојата на очите се менува.

Тоа обично се случува до шест месечна возраст, но може да трае и до третата година и подоцна, но со помал интензитет и секогаш промената е – од посветло кон потемно. Односно, кафените и костенливи очи не може повторно да станат сини.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Зошто вреди да се заљубиш во личност што обожава кучиња?

Зошто вреди да се заљубите во личност што ги сака кучињата Љубителите на кучиња често се ш…