Home Вебкафе Дали знаете зошто најчесто ни земаат крв од четвртиот прст?

Дали знаете зошто најчесто ни земаат крв од четвртиот прст?

Кога и да појдете да прегледувате крвна слика преку крв земена од прстот, сигурно сте забележале дека најчесто, речиси секогаш, лаборантите примерок од крвта ни земаат од домалиот, четврт прст. Дали некогаш сте се запрашале зошто е таква таа пракса?

Палецот и малиот прст се многу подобро поврзани со зглобот на раката отколку останатите прсти. Тоа значи дека теоретски инфекција од палецот или малиот прст многу побрзо би се проширила и би ја зафатила раката. Поради тоа крвта генерално се вади од кој било прст освен палецот и малиот прст.

Но, во четвртиот прст воглавно има нешто помалку рецептори за болка, па боцкањето е помалку непријатно. Освен тоа, овој прст го користиме поретко од другите, па и кожата е потенка. А поради тоа и евентуалните ранички на овој прст зараснуваат побрзо отколку на останатите прсти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…