Home Живот и здравје Дали знаете што треба да јадете за да имате рамен стомак?

Дали знаете што треба да јадете за да имате рамен стомак?

Сигурно имате слушнато за тоа дека стомачните се прават во кујна, а ако не го знаевте значењето на тоа во продолжение прочитајте.

„За почеток мора да знаете дека храната која ви остава меки траги на стомакот , не би требало да е дел од прехраната“, вели Кеси Бриксус.

Спречете ги маснотиите

Шеќерот во крвта и нерамнотежата на хормоните играат важна улога во концетрацијата на масти на стомакот. Тој совет би можел да ви помогне во контролата на двете.

Останете рамномерни: Погрижете се за тоа да оброците содржат три макронутритиенти кои го стабилизираат шеќерот, а тоа се чист протеин, квалитетни јаглехидрати и здрави масти.

Јадете редовно: Шеќерот во крвта започнува да опаѓа после 4 до 5 часа,  и затоа немојте да имате премногу долги паузи измеѓу оброците.

Контрола на стресот: Истражувањата покажуваат важна поврзаност помеѓу стресот и абдоменалните маснотии. Исто така животните навики се многу важен дел до градењето на рамен стомак.

Спречете ја надуеноста

Надујаноста на стомакот може многу да направат да изгледате заоблено.

Јадете свесно и опуштено: Кога јадеме на брзина, телото може да ослободи одредени ензими со цел да ја свари целата храна, во краток период. Затоа јадете споро и опуштено.

Наполнете се со влакна: Јадете храна која е богата со влакна, како на пример, овошје, зеленчук и слично. Тие ќе ја зголемат концентрацијата на корисни бактерии во вашите црева.

Внесувајте повеќе минерали: бананата, слаткиот компир, гравот и слично, се богати со минерали кои ќе ви помогнат во справувањето со надуеноста.

Хранете ги мускулите

Последната компонента што ве дели од рамен стомак се неправилно хранетите мускули. Со добра исхрана и малку тренинг вие ќе ги изразите стомачните.

Јадете многу протеини: Пред и после тренинг внесувајте по 20 до 25 грама чист протеин. Тоа ќе овозможи одлична прихрана на мускилите и нивно оформување.

Хидрирајте се: Целта е да се постигне минимумот од 2 литри вода, односно повеќе доколку се потите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …