Дали знаете која од овие букви е правилно напишана?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако буквата „г“ латиница веројатно сте ја виделе безброј пати, повеќето луѓе не знаат која од погоре наведените опции е правилно испишана верзија на истата.

Последното истражување поврзано со оваа проблематика покажа дека, иако латиничната верзија на „г“ луѓето редовно ја гледаат на интернет, компјутер, по мејлови, социјални мрежи, по книги и слично, и натаму многумина не знаат која е правилно испишана, кога мора да избираат помеѓу четири понудени верзии.

Причината за тоа, веројатно, лежи во фактот дека (барем кај нас), во школо не се учи оваа форма на испишување на оваа буква, туку се оди со ракописната форма на кирилично „д“. Но, сличен е случајот и во другите земји.

Истражувањето кое го споменавме е направено под водство на Мајкл МекКлоски, когнитивен научник од универзитетот „Џон Хопкинс“ во Балтимор.

„Мислиме дека, ако нешто доволно долго и често го гледаме, знаеме како тоа изгледа, особено ако на тоа мораме да се сосредоточиме како кај читањето. Сепак, нашите резултати покажаа дека ситуацијата е малку поразлична. Мислиме дека формите на повеќето букви ги знаеме затоа што ги пишуваме на школо, додека оваа форма на „г“ (g – правилната форма) не сме ја учеле и затоа никогаш не сме обраќале внимание на неа“, вели тој.

Повеќето луѓе, во суштина, воопшто не знаат дека постојат две форми на g, онаа која повеќето од нас ја испишуваме рачно и онаа коај се појавува во секојдневните фонтови како Times New Roman и Calibri.

Прво што било побарано од испитаниците од страна на истражувачите е да ги наведат буквите кои имаат две форми, а од 38 испитаници, само двајца ја навеле буквата g. Само еден од двајцата испитаници успеал да ги напише двете форми на g.

„Потоа им рековме: Постојат две форми на g, можете ли да ги напишете?“, а тие не гледаа збунето и немаа поим за што им зборуваме, открива ко-авторката на студијата Кимберли Вонг.

Во вториот дел од истражувањето учествувале 25 испитаници, а нивна задача било од понудените форми на g, да ја изберат правилната. Само седум од нив успеале да дадат точен одговор.

„Повеќето луѓе не знаат како правилно изгледа оваа буква, иако успеваат да ја прочитаат. Тоа не е случај со останатите букви“, додаде друга соработничка во истражувањето, Гали Еленблум.

Истражувањето покажа дека, доколку не ги пишуваме рачно, нашето познавање за буквите пропаѓа. Колку сè повеќе сме зависни од електронските уреди, се менува и начинот на кој читаме.