Дали ВМРО-ДПМНЕ со додавка ќе биде новото име на пратеничката група на „исклучените“?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пратеничката група која ќе биде формирана од опозициските пратеници кои беа исклучени од матичната партија ВМРО-ДПМНЕ, поради тоа што гласаа за усвојување на предлогот за уставни измени, би требало да се официјализира идната недела.

Според информациите, пратениците се уште го дефинираат начинот на дејствување во законодавниот дом, а за сега е неизвесно дали на поранешните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, ќе им се приклучат и други колеги од опозицијата.

Дел од нив најавија дека ќе функционираат заедно, и дека се отворени за влез на други пратеници, како и дека ќе работат на дефинирање на нивните четири барања, со правни експерти. Експертите пак велат дека очекуваат поддршката од опозициските пратениците за уставните измени да се зголемува.

Според деловникот, пратениците можат да формираат пратеничка група, имајќи предвид дека станува збор за повеќе од петмина пратеници. Токму тоа, вчера го потврди и спикерот Џафери, кој кажа дека деловникот им дава можност да се самоорганизираат.

Осумте пратеници пред да гласаат за предвидените уставни измени, поднесоа 4 барања, за формирање на собраниско тело, за национално помирување, за амандман на уставот со кој би бил заштитен идентитетот, за постепена промена на името за внатрешна употреба, како и прифаќање на уставна одредба со која се гарантира дека доколку Грција не го ратификува договорот, Македонија да го поништи истиот.