Home Шоубизнис „Дали таа го леташе авионот?“ : Ја изреметија јако заради нејзиниот Top Gun стил

„Дали таа го леташе авионот?“ : Ја изреметија јако заради нејзиниот Top Gun стил

Првата дама на САД, Меланија Трамп предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако беше фотографирана со нејзиниот сопруг за време на посетата на поплавените подрачја во Тексас како носи високи штикли и пилотски очила.

„Пристигнува помош во Тексас. Не се грижите, Меланија ги носи своите штикли со шпиц специјално за ураганот“, напиша на Твитер комичарот Бред Волак додека Џеј Ди Алтман напиша дека некој треба да ѝ каже на Меланија дека штиклите треба да ѝ бидат малку повисоки за таа поплава.

Комичарката Џесика Кирсон пак напиша дека идејата на Меланија е одлична и дека може да собира отпадоци со високите потпетици.

„Меланија изгледа како Барби да помага во поплавите“, напиша Марија дел Русо.

Покрај високите потпетици, Меланија беше критикувана и за зелената авијатичарка јакна и очила.

Нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, без кравата се подготвил за дождот, облечен во јакна со знак на претседателството и во обувки кои изгледаа водотпорни.

Корисниците на социјални мрежи за Меланија искоментираа дека била облечена како за во Top Gun и се прашуваа дали таа го управувала авионот до Тексас.

Меѓутоа не беа сите коментари комични имаше и такви кои луто го коментираа стајлингот на Меланија дека луѓето се борат за живот и дека тоа не е фото сесија или модна ревија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…