Home Актуелно Дали српските морнари го пронајдоа телото на Матеј Периш?

Дали српските морнари го пронајдоа телото на Матеј Периш?

Тело на помлад маж е пронајдено во водите на Дунав кај Ада Хуја. Како што дознава и пренесува српски „Блиц“, гардеробата на мажот во принцип соодветствува со описот на гардеробата што ја носел Матеј Периш од Сплит ноќта на неговото исчезнување.

Телото утрово околу 9.30 часот го пронашле морнари. Се чека идентификација, пренесува Блиц.

Од 31.декември се трага по Матеј Периш. Во повеќемесечна потрага беа вклучени и српски и хрватски полициски сили, нуркачи од Србија, а за негово евентуално појавување имаше дојави од граѓани од регионот, но и до Европа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…