Дали се плашите од мажи без причина?

Дали се плашите од мажи без причина?

Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ако сте веќе долго време сами, особено поради необичен страв од мажи, тоа може да биде андрафобија.

Дали се осеќате загрижени без никаква причина додека сте во друштво на мажи?

Постојат повеќе видови на овој страв. Некои жени имаат страв од физичко повредување од страна на мажи, додека други се плашат дека би можеле да бидат емотивно повредени.

Кај некои, стравот се развива уште во детството, додека во други случаи може да започне и во тинејџерските години. Главната причина за овој страв е перцепцијата дека мажите се опасни.

Што кажуваат експертите?

Стручњаци за односи тврдат дека има многу жени кои постепено ги надминуваат своите стравови откако влегуваат во здрав однос со маж.

Семејство

Некои жени кои го искусуваат овој страв не ги гледаат мажите во семејството (татко, браќа, роднини) како претпоставена опасност, но го избегнуваат секој друг маж со кој не се во крвно сродство.

Како започнува овој страв?

Почетната точка на оваа фобија може да биде траума во текот на детството. Кога се случува нешто трауматично, мозокот “запамтува” сцената креира некаков вид страв за да ве потсетува да се држите подалеку од такви опасности.

Што зголемува ризик?

Жените кои се нападнати или засегнати во детството имаат поголеми шанси да го развијат овој вид страв.

Дали е вина на машката доминација?

Во семејства каде што машката доминација е преголема, жените полесно го развиваат овој страв, а кога таткото во семејството е пресилно насилен, овој вид фобија е почеста кај женските деца.

Дали е генетски?

Во ретки случаеви оваа фобија може да се пренесе и на следната генерација, што значи дека и генетиката може да биде причина за вашите стравови.

Како да знаете дали го имате овој страв?

Дали чувствувате нервоза, зголемена мака во друштвото на било каков маж без никаква причина? Некои жени исто така може да имаат болка во градите кога се соочуваат со овој страв.

Што да правите?

Ако не се лекувате, може да предизвикате депресија и самотност. Овој страв може да ве спречи во друштвениот и професионалниот живот. Потребна е стручна помош. Исто така, не морате да останете сами засекогаш, бидејќи не сите луѓе на оваа планета се лоши. Еден ден, добар маж може да влезе во вашиот живот и да ви докаже дека животот може да биде убав и исполнет во друштво на маж, без страв!