Home Шоубизнис Дали овој холивудски фраер ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Дали овој холивудски фраер ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Славниот холивудски актер Том Харди, според тврдењата на „Дејли Експрес“, наводно е избран како следен Џејмс Бонд кој ќе го замени Даниел Крег по „Не е време за умирање“. Медиумот овие информации ги објави повикувајќи се на извор близок до продукцијата.

Тој во последните неколку години беше еден од главните фаворити во обложувалниците. А сега, британскиот таблоид цитира извор дека Том Харди ќе биде новиот 007, замена за Крег, кој реши да се откаже од оваа улога. Сепак, ова не е официјална потврда и затоа таквото тврдење треба да се земе со мала резерва.

И други таблоиди тврдат дека уште во јуни се знаело дека Харди ќе ја добие улогата на славниот британски агент по успешната аудиција.

„Не е време за умирање“ првично требаше да почне да се прикажува во април, но, како и многу други високобуџетни филмови, премиерата беше одложена поради светската здравствена криза. Според последната најава, филмот ќе почне да се прикажува во киносалите во ноември, односно премиерата во Велика Британија е презакажана за 12 ноември, а онаа ширум светот за 25 ноември.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …