Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Врската помеѓу славната холивудска актерка Хали Бери и лондонскиот продуцент Алекс да Кид го доживеа својот крај.
Во спасувањето на љубовта не помогна ниту романтичното патување на Бора Бора, каде очигледно не успеал да ја спаси нивната врска, по што глумицата и музичкиот продуцент раскинаа.
Откако во медиумите се појави папарацо фотографија од Алекс со непозната бринета, така што сомнежите за крајот на врската со Хали Бери се зголемиле.
„Изгледаа многу блиско, како љубовен пар. Заедно влегоа во неговиот автомобил и се упатија во непознат правец”, вели неименуван извор за US Weekly.
Покрај тоа што во медиумите се појавуваат различни приказни и информации, порталот “Госип Коп” тврди дека Хали Бери одлучила да стави крај на врската веднаш откако се вратиле од одмор.