Home Спорт Дали Мурињо претера? Еве како го дефинираше мечот против Селта!

Дали Мурињо претера? Еве како го дефинираше мечот против Селта!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо во мотивацијата пред вечерашниот натпревар против Селта и го дефинира како најважен во историјата на клубот.

Манчестер Јунајтед имаат минимална предност од 0:1 од првата средба во Шпанија, а вечерва на „Олд Трафорд“ ќе се обиде да го завери пласманот во финалето од Лига Европа.

„Моето чувство е дека овој натпревар е најважен во нашата историја. Не зборувам за себе. Зборувам за играчите и клубот. Трофеите се многу важни и од големо значење е да играме финале на европско клупско натпреварување. За овие фудбалери ќе биде успех“, истакна Специјалниот.

„Ситуацијата е едноставна. Игравме 17 натпревари во седум недели со 16 играчи. Тоа е невозможно. Губевме и губевме натпреварувачи и за краток интервал изгубивме четворица, Смолинг, Џонс, Рохо и Златан. Тоа е ситуацијата и треба да продолжиме да се бориме. Ако не се пласираме во Лигата на шампионите за следната сезона, тоа ќе биде бидејќи не сме биле доволно добри“, заклучи Мурињо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…