Home Шоубизнис „Дали го сменивте бидејќи ве нарече морон?“: Трамп „не дослушува“ кога тоа му одговара (видео)

„Дали го сменивте бидејќи ве нарече морон?“: Трамп „не дослушува“ кога тоа му одговара (видео)

Откако вчера на пресконференција претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека го сменил државниот секретар Рекс Тилерсон и на негово место го поставил Мајк Помпео, една од новинарките кои беа присутни на изјавата за медиумите го праша Трамп дали го сменил Тилерсон бидејќи овој го нарекол морон.

„Дали го отпуштивте бидејќи ве нарече морон?“, беше доволно гласна и јасна новинарката.

„Што?“, се правеше наудрен Трамп.

„Дали го отпуштивте бидејќи ве нарече морон?“, повтори јасно и гласно новинарката.

„Кажете го тоа уште еднаш“, дофрли Трамп, но не дочека и по трет пат да биде повторено прашањето, а и новинарката не се обиде повторно да го постави.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Џексон Олсон се пошегува по одморот со семејството на Меги: Дали го освоил и Пат Саџак?

Џексон Олсон од „Савана Бананас“ сподели снимка од првото патување со семејството на своја…