Дали епидемијата на коронавирусот ќе го забрза роботизирањето на работните места?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, во контекст на светот зафатен од епидемија на коронавирусот, роботизирањето истовремено звучи и како спас, но и како закана. Спас во поглед на придвижувањето на производството, а со тоа и на индустријата и економијата, без ризик за ширење на коронавирусот, но закана за работните места кои досега ги имаа луѓето на во многу сектори.

Без разлика дали се добри или лоши, роботите ќе заменат значителен дел од човечката работна сила ангажирана на одредени работни места, велат аналитичарите, а пандемијата на вирусот го забрзува процесот, пренесе Би-Би-Си.

„Луѓето обично велат дека сакаат човечки елемент во интеракцијата, но КОВИД-19 го смени тоа“, вели футуристистот Мартин Форд, чии книги упатуваат како роботите ќе бидат интегрирани во економијата во текот на следните децении.

Коронавирусот ќе ги промени преференциите на потрошувачите и навистина ќе создаде нови можности за автоматизација, вели тој.

Поради пандемијата, компаниите со различна големина го прошируваат опсегот на апликации за роботи за да го забрзаат социјалното растојание и да го намалат бројот на вработените кои треба да бидат физички присутни на работните места, а роботите се користат и на работни места, што работниците не можат да ги вршат од дома.

Така, на пример, ланецот на продавници „Волмарт“ ги користи за миење на подни површини, а некои други видови роботи веќе се користат во одделни болници, ресторани и продавници за овошје и зеленчук.

Иако во некои случаи, роботите сè уште не се целосно функционално или технички доверливо решение, се очекува побарувачката за нив да се зголеми во блиска иднина, бидејќи некои мерки за социјална оддалеченост може да останат во сила во наредната година.