Home Вебкафе Да се биде Дедо Мраз не е до облеката, до карактерот е – еве го доказот

Да се биде Дедо Мраз не е до облеката, до карактерот е – еве го доказот

Фотографија која стана вирален хит на социјалните мрежи ширум светот, е уште еден и најубав доказ за тоа дека да се биде Дедо Мраз и не значи само да се облече неговата препознатлива облека и да се пушти или стави долга бела брада, туку дека тоа е состојба на духот и карактерот.

Граѓани фотографирале човек во супермаркет кој во својата количка за купување имал само играчки. Кога некој го прашал човекот зошто му се играчките, неговиот одговор ги запрепастил сите.

„Вечерва бев во супермаркет и видов човек со полна количка разни играчки. Кога го прашав зошто ги купува, се воодушевив од одговорот. Рече дека секоја година се облекува како Дедо Мраз и шета низ ходниците на детски болници и на секое детенце му поклонува играчка. Овој човек заслужува да биде виден од целиот свет“, стои во описот на фотографијата на Фејсбук.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ѓаволот ја носи Прада 2 официјално доаѓа – Почна снимањето, а новата актерска ѕвезда ги изненади сите!

Миранда Пристли се враќа — и овојпат носи многу повеќе од модни ултиматуми! Чекањето заврш…