Чудна некоја мода: Џејми Фокс наместо панталони, облекол горна тренерка на нозе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најплатените холивудски актери, славниот Џејми Фокс предизвика вистинско изненадување со неговиот „моден“ избор на последните фотографии кои му ги направија папараците.

Тој е фатен од папараците како пристигнува на снимањето на новиот филм „Power” во Њу Орлеанс. Актерот беше облечен во два идентични дуксери со качулка, едниот облечен ниормално, а другиот преку нозете наместо долни тренерки или панталони.

Не е познато зошто Фокс ја облекол ваквата комбинација , која никако не може да се нарече моден хит. На снимањето во Њу Орлеанс Фокс е во придружба со девојката Кети Холмс, а таблоидите веќе пишуваат дека тајнос е вериле и планираат венчавка во Париз.