Home Вебкафе Човекот кој се сликаше со мртвото тело од Марадона и си навлече јавен гнев во Аргентина: „Ве молам, простете ни“

Човекот кој се сликаше со мртвото тело од Марадона и си навлече јавен гнев во Аргентина: „Ве молам, простете ни“

Лицето кое е вработено во погребалната компанија која беше задолжена за погребот на Марадона и кое се сликаше со телото на славниот Аргентинец, со што го навлече гневот на цела аргентинска нација, се огласи во јавноста.

Прво се пишуваше дека навивачите и фановите брзо му „пресудиле“, се тврдеше дека неговото тело е пронајдено во контејнер, но тие информации се покажаа како погрешни. Затоа и при објавувањето на таа вест напоменавме дека треба да се земат со резерва. Сега тој се огласи во јавноста.

„Се што се случи се случи во секунда. Само ја подигнав главата, а мојот син направи глупост како и секој 18-годишник. Ве молам простете ми…“.

Истакна и дека добро го познава семејството на легендарниот Аргентинец.

„Тој е идол. Никогаш не би покажал непочитување. Работев претходно за таткото на Марадона. Уште еднаш ве молам, простете“.

Потврди дека закани добиваат секојдневно.

„Да, секој ден добиваме закани. Ни се закануваат луѓе кои ги знаеме, соседите…“, раскажа Клаудио Фернандез.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…