Home Актуелно Човек убиен кај Горна Матка – го застрелал ловџија по грешка

Човек убиен кај Горна Матка – го застрелал ловџија по грешка

64-ригодишен ловџија синоќа по грешка застрелал и убил човек додека бил на лов во с. Горна Матка.

Тој го пријавил делото во Полициската станица Сарај со објаснување дека мислел оти е дива свиња. Полицијата го уапсила Р. К.

Во 21.40 часот на полициски службеници им ги покажал местото и телото на починатото лице. Од екипа на Итната медицинска помош била констатирана смрт и било утврдено дека починатиот е С. Ј. (46) од с. Матка, Скопско. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…