Home Вебкафе Човечко дно: Лажејќи дека боледува од рак, ќарила 39.000 долари

Човечко дно: Лажејќи дека боледува од рак, ќарила 39.000 долари

27-годишната Луси Виланд од Австралија уапсена е и обвинета дека со лага и на нечесен начин заработила 55.000 австралиски долари (39 000 американски долари) кои ги добивала од разни хуманитарни фондови, лажејќи дека боледува од рак.

Виланд ги користела социјалните мрежи, каде објавувала фотографии и лажни медицински документи во кои покажува како се лекува од рак на јајниците. Судпт во Таунсвил, Квинсленд, утврди дека таа формирала и сметка со барање за да и се донираат средства за лекување на тешката болест.

Жената била уапсена , откако некој од социјалните мрежи ја пријавил во полиција. Таа на фотографиите се појавува со маска за кислород и во болнички услови како оди со помагала.

На друга фотографија е прикажана додека прима инфузија и без коса, наводно како резултат на терапијата против канцерот.

Не е познато дали партнерот , кој се појавува на дел од фотографиите знаел дека жената ја лажира болеста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…