„Чистка“ во Барселона: Шест фудбалери го напуштаат „Камп Ноу“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона веќе почна со подготовките за новата сезона и откако ги претстави новите дресви, денес медиумите тврдат Каталонците спремаат „чистка“ во тимот.

Имено, Барселона ќе ја отвори излезната врата за шест свои фудбалери кои би требало да ја наполнат клупската каса со околу 125 милиони евра.

Станува збор за Андре Гомеш, кој последната сезона беше на позајмица во Евертон, потоа Каспер Силесен, Малком, Денис Суарез, Рафиња и Марк Кукуреја.

Холандскиот голман само повремено добиваше шанса во натпреварите од Купот, Малком не успеа да се избори за поголема минутажа, додека Суарез и Кукуреја беа пуштени на позајмица во вториот дел од сезоната.

Раководството на Барса се надева дека со продажба на овие фудбалери да финансира поголем дел од летните трансфери. Веќе е доведен Френки де Јонг, а клубот работи на привлекување на Антоан Гризман и Матијас де Лихт. Барселона ова лето на засилувања планира да потроши околу 300 милиони евра.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека клубот веќе ги поставил цените. Од Андре Гомеш планира да заработи 25 милиони евра, Силесен ќе биде пуштен за 20 милиони, цената на Малкпом е 35 милиони, Денис Суарез (20), Рафиња (15) и Кукуреја (10)