Home Актуелно Четврток носи сончево и топло време

Четврток носи сончево и топло време

Овој четврток, деветтиот априлски ден, во Македонија носи сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 5 степени, а дневните до максимални 23 степени.

Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура од 20 степени.

Слично време метеоролозите најавуваат и за утре. Ќе биде сончево и топло, а ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната утринска температура ќе биде -1, а максималната дневна 24 степени.

Сончево и топло време ќе имаме и за првиот викенд кој ќе го поминеме целосно изолирани во 61-часовен домашен карантин.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…