Home Актуелно Четврточна временска прогноза

Четврточна временска прогноза

Времето денеска, четврток, 22. септември, ќе биде студено наутро, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди.

Во текот на попладнето, облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури ќе се движат од 0 до 10 степени, а максималните од 12 до 21 степен.

Во Скопје, претпладне ќе биде умерено до значително облачно, додека попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, прогнозираат синоптичарите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…