Четврт смртен случај од грип: На Клинички почина 12-годишно девојче


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, на Детската клиника, сезонскиот грип ја однесе четвртата жртва оваа сезона. Четвртиот смртен случај од грип е 12-годишно девојче со церебрална парализа.

Девојчето е втор смртен случај од грип оваа недела, а четврти оваа сезона. Од Министерството за здравство велат дека допрва ќе се утврдува за каков грип се работи.

„Засега немаме податоци дали се работи за свински грип. Тоа ќе го покажат дополнителните испитувања, кои се во тек. Девојчето било примено на КАРИЛ, а потоа префрлено на Детската клиника“, велат од Министерството за здравство.