Home Актуелно Четири лица од гостиварско позитивни на Ковид-19 со решенија за самоизолација ја напуштиле земјава

Четири лица од гостиварско позитивни на Ковид-19 со решенија за самоизолација ја напуштиле земјава

Полицијата ќе поднесе соодветни пријави за четири лица од гостиварско Чегране кои ја напуштиле земјава, а имале решенија за самоизолација поради позитивни резултати на ковид тест.

Од СВР Тетово информираат дека во текот на вчерашниот ден (10.8.2021), при вршење контрола на лица кои се во домашна самоизолација во гостиварско било утврдено дека З.Б.(33) од Чегране, позитивна на ковид-19, не била дома и дека ја напуштила државата.

Во контролите утврдено е дека Х.С.(32) од гостиварското село Корито, кој имал позитивен тест на ковид-19, не бил дома и ја напуштил државата. Полициските служебеници утврдиле уште дека В.Ш.(52) од истото село, позитивна на ковид-19, ја напуштила државата и А.Ш.(22) позитивен на ковид-19, ја напуштил државата.

Од СВР Тетово најавуваат дека по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…