Home Актуелно Честитки и од Столтенберг до Пендаровски

Честитки и од Столтенберг до Пендаровски

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку Твитер порака му честиташе на Стево Пендаровски за победата и изборот за претседател на Република Северна Македонија.

„Честитки Стево Пендаровски за победата на претседателските избори. Со нетрпение чекам да работам со вас за добредојде на Северна Македонија како триесетта членка на НАТО“, напиша Столтенберг на „Твитер“.

Преку Твитер Пендаровски доби честитки и од министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли.

„Честитки за победата на Стево Пендаровски на претседателските избори во Северна Македонија. Граѓаните испратија силна порака дека го поддржуваат договорот од Преспа и евро-атлантската перспектива за државата. Ќе работиме заедно за да ги подобриме нашата цврсти пријателски врски со Никола Димитров“, напиша Пацоли.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…