Home Актуелно Чесни сестри од сестринството на Мајка Тереза продавале бебиња

Чесни сестри од сестринството на Мајка Тереза продавале бебиња

Под обвинение за наводна продажба на бебе старо само 14 дена, во индиската држава Џарканд е уапсена жена што работи во редот „Мисионери на милосрдието на Мајка Тереза“. Две други жени вработени во центарот се притворени и се испитуваат за други можни случаи.

Полицијата презеде акција откако Комитетот за детска благосостојба (ЦВЦ) на Индија регистрирал жалба.

Добротворната организација не одговорила на барањата од Би-би-си за коментар.

„Откривме дека некои други бебиња исто така се незаконски продадени од центарот“, рекол претставник на полицијата за Би-би-си. „Ги добивме имињата на мајките на овие бебиња и истражуваме понатаму“.

Полицијата, исто така, запленила 140.000 рупии (2.150 долари) од центарот, кој се наоѓа во главниот град на Џарканд, Ранчи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…