Home Шоубизнис Чешки тајкун ја запроси 40 години помладата девојка на филмскиот фестивал во Кан

Чешки тајкун ја запроси 40 години помладата девојка на филмскиот фестивал во Кан

Милош Кант ги надмина сите необични, провокативни и предизвикувачки модни комбинации кои обично доминираат на црвениот тепих за време на филмскиот фестивал во Кан, со своето запросување на 40 години помладата убавица, „риалити“ ѕвездата Маргарида Аранха.

Тој клекна на колена пред фотографите на црвениот тепих во Кан и со венчален прстен ја запроси својата 4 децении помлада избраничка.

25-годишната Маргарида воодушевен го кажа судбоносното „да“ на 65-годишниот тајкун, па потоа тие гордо позираа пред бројните блицови и објективи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARGARIDA ARANHA OFICIAL (@margarida_aranha) on

„Реков да! Најдобриот момент во мојот живот! Толку те сакам“, напиша Маргарида на Инстаграм покрај фотографијата од запросувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARGARIDA ARANHA OFICIAL (@margarida_aranha) on

Овој несекојдневен (иако денес не толку невообичаен) пар се запознал во клубот чиј сопственик е Милош, а Маргарида сега е менаџерка на тој клуб.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …