Home Спорт Челзи спреми 25 милиони за откритието од Серија А

Челзи спреми 25 милиони за откритието од Серија А

Франк Кесие е најголемото откритие оваа сезона во Серија А и со своите одлични партии за Аталанта го привлече вниманието на многу европски гиганти.

20-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коста е на мета на многу еврипоски гиганти, но медиумите тврдат дека Челзи е во пол-позиција за неговиот потпис.

Овој универзален играч за врска кој може да игра на сите позиции во средниот ред оваа сезона веќе има постигнато 6 гола за Аталанта и сигурно важи за еден од најголемите таленти на светскиот фудбал.

Во Италија веќе го нарекуваат „новиот Јаја Туре“, а Челзи е спремен да ја победи конкуренцијата со понуда од 25 милиони евра.

Таа сума ќе ги задоволи челниците на Аталанта па за очекување е за брзо време трансферот да се комплетира, а можно е играчот да остане на позајмица во Италија до крајот на сезоната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…