Home Шоубизнис Чекај сега, тој татко ти е?: Кога „стариот“ ќе испадне поголем фраер од синот

Чекај сега, тој татко ти е?: Кога „стариот“ ќе испадне поголем фраер од синот

Актерот Лиам Хемсворт објави фотографија на која е сликан со своите родители за време на едно пешачење по ридовите од Холивуд, но она што веројатно не го очекуваше е дека татко му Крег ќе ја засени неговата слава и ќе го собере сето внимание на социјалните мрежи.

Обожавателите на Хемсворт беа воодушевени од изгледот на неговиот татко кој има екстра одржана линија и развиени мускули кои очигледно ги негува со редовно вежбање во теретана.

A post shared by Liam Hemsworth (@liamhemsworth) on

„Утрово се качував со старците по ридиштата и наидов на ѕвечарка откако на брат ми му тврдев дека на ова подрачје нема ѕвечарки. Ха!“, напиша Лиам во објаснувањето на фотката.

Но, обожавателите воопшто не се сложија со тоа дека татко му Крег изгледа како „старец“. „Тој ти е ТАТКО?“, „Може ли татко ти да биде позгоден од ова“, „Тоа е генетски џекпот“, „Видете ги мускулите од татко му на Хемсворт“, „Стариот ти е машина“, беа коментарите од воодушевените следбеници на Лиам на Инстаграм.

Хемсворт неодамна објави и фотографија од венчавката на неговите родители.

A post shared by Liam Hemsworth (@liamhemsworth) on

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …