Home Актуелно Чехија – ново име на Чешка за луѓето од англиско говорно подрачје

Чехија – ново име на Чешка за луѓето од англиско говорно подрачје

Чешка отсега за луѓето од англиското говорно подрачје ќе биде позната како Чехија, пренесува Independent.

За разлика од повеќето европски земји чие име се состои од еден збор, Чешка на наглиски имаше само „подолга верзија“, односно се викаше Czech Republic.

Сега ќе биде позната како Czechia (Чехија) за луѓето од англиското говорно подрачје, според британскиот Одбор за именување на географските поими надвор од Британија.

Измената е одобрена уште во април, но дури сега влезе во употреба. На германски ќе биде позната како Tschechien, а на Француски како Tchequie.

Иако државата и понатаму официјално се вика „Република Чешка“, сега практичо има и официјален надима.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…