Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ свика телефонска седница на Владата на која 31. јули е прогласен за Ден на жалост во чест на смртта на Оливер Драгојевиќ. „Денес свикав телефонска седница на Владата и предложив усвојување на Одлуката за прогласување на 31. јули 2018. за ден на национална жалост по повод смртта на Оливер Драгојевиќ, која ја поддржаа сите членови …