Џенифер Лопез мора на суд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Светската музичка и актерска латино ѕвезда Џенифер Лопез ќе мора да се појави на суд во рамки на тужбата која е поднесена против неа за кршење на авторски права.

Лицето Елвин Греј – Ел поднесе тужба против продукцијата на забавното натпреварувачко шоу „World Of Dance“ и Џенифер Лопез која има улога на судија во истото, поради крадење на идејата и концептот за истото за кои тврди дека тој ги осмислил.

Елвин тврди дека иста идеја за шоу и испратил на танчерската ѕвезда Деби Ален уште во 2009 година, но таа никогаш не му одговорила на неговата понуда за забавно-натпреварувачки проект од таков тип. Кога неколку години подоцна се обидел да го патентира своето шоу, му било кажано дека „таков сличен проект веќе развиваат NBC и Џенифер Лопез.“

Според таблоидот TMZ засега не е познато како овој концепт за шоу од рацете на Деби Ален стигнал во рацете на Џенифер Лопез, поради тоа што танчарката Деби официјално не е вклучена ниту е дел од проектот наречен „World of Dance”.

Греј- Ел сега преку судски пат бара оштета од 6,5 милиони долари, поради крадење на идејата за шоу.