Вчера, во попладневните часови, во болница почина бизнисменот и бивш главен извршен директор на „Т-Мобиле“, Жарко Луковски. Луковски почина на 57-годишна возраст, како последица на мозочниот удар кој го доживеал завчера. Името на Жарко Луковски последниве години во јавноста се поврзуваше со многубројните скандали во кои беа замешани личности од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, контроверзната офшор-фирма Ексико, случајот „Базни станици“ …