декември 12, 2025

Таратур

  • Најнови вести
  • Живот и здравје
  • Љубов и секс
  • Мода и убавина
  • Шоубизнис
  • Вебкафе
    • Актуелно
    • Наука и техонологија
    • Мајтап
    • Убавините на Македонија
  • Рецепти
  • Казино игри
    • Рулет
    • Блекџек
  • LOVEGURU.MK
Home Актуелно (Страна 962)

Актуелно

Синоќа уапсен бившиот директор на УБК Владимир Атанасовски

Од A V
06:06, 05 декември
во :  Актуелно

По барање на Јавното обвинителство, синоќа беше уапсен бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски, за кого обвинителката Вилма Русковска побара одредување на мерка притвор. Неговото апсење доаѓа по завчерашното сведочење на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски. Атанасовски е обвинет …

Прочитај повеќе

Заев и Орбан се зачекаа во Загреб

Од A V
17:42, 04 декември
во :  Актуелно

На средбата „на минување“ премиерите на Македонија и Унгарија, Зоран Заев и Виктор Орбан, само кратко и куртоазно се поздравиле, но, како што истакна Заев, се надева дека во некоја друга прилика ќе има можност да се сретне со унгарскиот колега Орбан за да поразговараат за азилот и екстрадицијата на Груевски. На самитот во Загреб немало таква шанса, додаде Заев. …

Прочитај повеќе

Приватизација на дел од здравството: Детска кардиохирургија се сели во „Жан Митрев“

Од A V
15:16, 04 декември
во :  Актуелно

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски со неговиот лекарски тим од државна се селат во приватната кардиоклиника „Жан Митрев“ и од 2019 година сите операции ќе ги прават таму. За еден месец сите операции кај деца кои можат да се направат во Македонија ќе се прават во приватната болница со пари од страна на ФЗОМ. За министерот ова е најдобра опција додека …

Прочитај повеќе

Триумф на „Жолтите елеци“: Франција се откажува од зголемување на даноците за гориво

Од A V
12:17, 04 декември
во :  Актуелно

После двонеделните жестоки и разорни протести во Париз и општиот јавен притисок ширум цела Франција, францускиот премиер Едуар Филип се откажа од зголемувањето на даноците за гориво. Протестите ги предизвикаа најголемите немири во Париз во последниве децении. Неколку важни симболи на градот се сериозно оштетени. Демонстрантите веќе две недели протестираат на национално ниво поради данокот на гориво и зголемените трошоци …

Прочитај повеќе

Сведоштво на Игор Југ за „27 април“: „Ние по затвори, а куртоните во фотелји“

Од A V
12:12, 04 декември
во :  Актуелно

Во своето сведоштво за „крвавиот четврток“ обвинетиот Игор Југ во судницата порача: „Ќе им простам, ама ни мртов нема да им заборавам, а штета од она што јас сум тврдоглав и што немам влакна на јазикот имаме јас и мојата фамилија“. Обвинетиот Југ пред судот ги појаснуваше трите СМС пораки со извесен Борче Шушка, кои се дел од доказите на …

Прочитај повеќе

Жестоките протести во Париз досега предизвикаа 4 милиони евра материјална штета

Од A V
11:59, 04 декември
во :  Актуелно

Француските медиуми пренесуваат дека материјалната штета предизвикана досега за време на жестоките протести на „Жолтите елеци“ во Париз се проценува на 3 до 4 милиони евра. Според последните информации кои француските медиуми ги добиле од градоначалникот на Париз, штетата е проценета на околу три до четири милиони евра. По неговата оценка, оваа сума се однесува на оштетена или целосно уништена …

Прочитај повеќе

Амандманите за промена на Уставот поминаа – следува јавната расправа

Од A V
10:10, 04 декември
во :  Актуелно

Собранието го усвои нацртот на четирите уставни амандмани, па сега се предвидува дека од утре Владата ќе ја започне јавната расправа за измена на Уставот, што може да трае максимум пет дена. Потоа следува третата, завршна фаза, во која за усвојување на амандманите на Уставот Македонија е потребно 2/3 мнозинство од 80 пратеници. Се предвидува дека промените на Уставот на Македонија би …

Прочитај повеќе

Симовски за „крвавиот четврток“: Јас, Игор Југ и Јане Ченто носевме оружје во Собрание

Од A V
08:07, 04 декември
во :  Актуелно

Во своето сведоштво за настаните од крвавиот собраниски 27 април, обвинетиот Захарие Симовски потврди дека имало оружје кај дел од обвинетите. Тој во својот исказ тврдеше дека Игор југ, кој е обвинет дека требало да го ликвидира Зоран Заев, како и Јане Ченто и лично тој носеле оружје. Симовски тврдеше дека активностите на екс директорот на УБК не престанале по …

Прочитај повеќе

Сведоштво за „крвавиот четврток“: „Нинџа беше главен организатор на 27 април“

Од A V
15:47, 03 декември
во :  Актуелно

Во своето сведочење од околу два часа на пултот за сведоци во судницата за „крвавиот четврток“,потенцирајќи дека својата одбрана во рамки на предметот во кој е обвинет ја подготвувал над една година, сведокот Михаил Младеновски го посочи Александар Василевски-Нинџа како главен организатор за настаните од 27 април. Обвинетиот Младеновски настаните од 27 април ги поврза со името на Владимир Атанасовски, …

Прочитај повеќе

Столтенберг: Азилот на Груевски не е проблем на НАТО, туку на Скопје и Будимпешта

Од A V
13:10, 03 декември
во :  Актуелно

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека проблемот со азилот на Никола Груевски кој му го додели официјална Будимпешта не е прашање кое треба да го решава НАТО, туку проблем кој треба да го решат Скопје и Будимпешта. „Не сум јас тој што треба да го коментирам ова. Тоа е прашање што треба да се дискутира меѓу Скопје и …

Прочитај повеќе
1...961962963...1.549Страна 962 од 1.549

100% природен сапун од тиква

23 часа

Нашиот омилен есенски плод ни нуди навистина многу можности за употреба. Тој е главната …

Сè освен здодевно – 12 нюд маникири што ќе ве инспирираат

23 часа

Како Французинките ги разубавуваат празничните комбинации со црвени чевли

23 часа

5 животни лекции од 80-тите и 90-тите што ги изградија најсилните генерации во светот

23 часа

5 начини полека да влезете во празнична атмосфера и тивко да се подготвите

2 дена

Споро напуштање: Што значи и како да препознаете дека вашата врска се приближува до крај

2 дена

Тивки разводи: Нов тренд што го менува нашето разбирање за бракот во средни години

2 дена

Зара блејзер кој ќе го обожуваат дамите над 50 години – ретро, елегантен и совршен за канцеларија

2 дена

Усовршете го францускиот бакнеж

3 дена

11 растенија и додатоци за справување со депресија

3 дена

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри не е дозволено физичко лице да учествува во странски игри на среќа, во кои влоговите се уплаќаат на територијата на Македонија.


© Copyright 2025, Taratur.com