октомври 08, 2026

Таратур

  • Најнови вести
  • Живот и здравје
  • Љубов и секс
  • Мода и убавина
  • Шоубизнис
  • Вебкафе
    • Актуелно
    • Наука и техонологија
    • Мајтап
    • Убавините на Македонија
  • Рецепти
  • Казино игри
    • Рулет
    • Блекџек
  • LOVEGURU.MK
Home Актуелно (Страна 926)

Актуелно

Тој што има – уште повеќе да има, тој што е сиромав – да е уште посиромав

Од A V
06:59, 22 јануари
во :  Актуелно, Вебкафе

Светските милијардери од сите страни на планетава во минатата 2018 година своето вкупно богатство го зголемиле за 12 насто. Од друга страна, и тоа малку што го имаат (или поточно немаат) сиромашните во светски рамки, дополнително се намалило за 11 насто во истата година. Овие се статистичките бројки според извештајот на хуманитарната организација Оксфам објавен на почетокот на овогодинешниот Светски …

Прочитај повеќе

Жестоки моменти од протестите во Грција против Преспанскиот договор (фото)

Од A V
16:50, 21 јануари
во :  Актуелно, Вебкафе

Грчкиот парламент се очекува во вечерните четврточни часови да го ратификува Преспанскиот договор со Македонија за решавање на деценискиот спор за името на нашата земја. Тоа предизвика организација на масовен и жестоко брутален протест на грчките тврдокорно националисти кои се против договорот. Атмосферата од протестот ја доловуваат фотографиите кои ги објави The Guardian.

Прочитај повеќе

АПЕЛ: На малиот Лука му е отстрането едно око, да му помогнеме да го зачува другото!

Од Taratur.com
15:48, 21 јануари
во :  Актуелно

Да бидеме хумани и да му помогнеме на малиот Лука кој се бори против ретка болест- тумор на очи. Семејството ги моли за помош сите хумани граѓани да помогнат, Лука да може повторно да гледа со едното око, бидејќи за жал, другото му е отстрането со цел да се спречи ширењето на болеста.

Прочитај повеќе

Груевски ја повлече неговата тужба против Заев

Од A V
15:23, 21 јануари
во :  Актуелно, Вебкафе

Бившиот премиер и осуденик Никола Груевски кој моментално е во бегство, со посредство на адвокат ја повлекол неговата тужба која ја имаше поднесено во 2014 година против актуелниот премиер Зоран Заев за клевета и навреди. Груевски тужбата против Заев ја поднесе поради изјавите на Заев за вмешаност на Груевски во матната зделка при продажбата на „Македонска банка“. Заев тогаш објави …

Прочитај повеќе

Грција во четврток ќе го ратификува Преспанскиот договор

Од A V
14:22, 21 јануари
во :  Актуелно

Со почеток во 17 часот по грчко време, во рамки на грчкиот парламент, денес со работа започнува Комисијата за национална одбрана и надворешни работи која ќе го разгледува нацрт закон според кој се ратификува и стапува во сила Договорот од Преспа. Во среда во 10 часот по локално време започнува расправата во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, …

Прочитај повеќе

Од полноќ нови, повисоки цени на горивата

Од A V
13:30, 21 јануари
во :  Актуелно

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на горивата. ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ поскапуваат за 2,5 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 3,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за четити денари од литар. Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 61,00 денар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 63,00, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 58,50, а …

Прочитај повеќе

Груевски снимен како си шета лабаво во трговски центар во Будимпешта (видео)

Од A V
13:09, 21 јануари
во :  Актуелно, Вебкафе

Нова снимка од бившиот премиер и моментално осуден бегалец Никола Груевски, на која тој е снимен како се шета во трговски центар во Будимпешта, објави унгарскиот портал 444.hu. Груевски беше снимен како се шета во трговскиот центар WestEndCity, лоциран во центарот на Будимпешта на популарната улица Ваци.  Порталот објави дека поранешниот премиер осуден за корупција „мирно се шетал во …

Прочитај повеќе

За бегството на Груевски сослушани телохранителите – роднини нема да се сослушуваат

Од A V
12:41, 21 јануари
во :  Актуелно

Првиот човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинителката Вилма Рускоска, за новинарите изјави дека во случајот за бегството на бившиот премиер Никола Груевски биле сослушани само неговите телохранители. Неговите блиски роднини, меѓу кои мајката и сопругата, нема да бидат сослушувани од Обвинителството. Рускоска најави дека во текот на оваа работна недела дополнително ќе бидат сослушани и други, …

Прочитај повеќе

Мавровскиот ски центар денес и утре ги кани учениците на бесплатно скијање

Од A V
11:15, 21 јануари
во :  Актуелно

Ски центарот Маврово денес и утре нуди бесплатно скијање за сите ученици од државава, со што сака да ги мотивира да ги напуштат загадените градски средини и да одат на чист воздух додека да се вратат во школските клупи. „Им излегуваме во пресрет и ги покануваме сите деца да бидат наши гости и да дишат чист воздух на планина додека …

Прочитај повеќе

АПЕЛ: Да ѝ помогнеме на Снежана која ги изгуби двете нозе во сообраќајка во Турција

Од Taratur.com
10:50, 21 јануари
во :  Актуелно

Снежана Караџовска од Скопје, која пред околу две и пол години настрада во тешка сообраќајна несреќа во Турција при судир на туристички автобус од Македонија и турски камион, остана без нозе. Таа апелира граѓаните да ѝ помогнат за да може да направи операција во болницата АОЕФ во Утрехт, Холандија. „Почитувани, пријатели Моето име е Снежана Караџовска, од Скопје, Македонија. Колку …

Прочитај повеќе
1...925926927...1.550Страна 926 од 1.550

Имотот на Доли Партон изнесува шокантни тврдења за нејзиниот внук во текот на нивната правна битка

17 минути

Имотот на Доли Партон изнесува шокантни тврдења за нејзиниот внук Брајан Сивер, кој претходно беше нејзин шеф на обезбедување.

Авторката на „Источно од рајот“ Зои Казан ги повикува гледачите на Нетфликс да не ја гледаат серијата на телефон

29 минути

Unix Cosmetics отвори мултибренд продавница во Белград – еве ги деталите

41 минута

Лесна шминка за жени над 50 години која ги ублажува брчките околу очите

53 минути

Уша Ванс се сопна на скалите од хеликоптерот држејќи го 11-неделниот син

1 час

Скриени попусти на Skechers и Wrangler на Amazon

1 час

Џеси Меткалф ги коментира гласините за конфликт на „Очајни домаќинки“: „Не бев свесен за тоа“

1 час

Првите реакции за „Whalefall“ се мешани, но критичарите го фалат настапот на Остин Абрамс

2 часа

Зошто реагираме импулсивно и како може да ни помогне регулирањето на емоциите?

2 часа

Креми за заноктици кои ја менуваат рутината за нега на нокти

2 часа

Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри не е дозволено физичко лице да учествува во странски игри на среќа, во кои влоговите се уплаќаат на територијата на Македонија.


© Copyright 2025, Taratur.com