Home Актуелно Мавровскиот ски центар денес и утре ги кани учениците на бесплатно скијање

Мавровскиот ски центар денес и утре ги кани учениците на бесплатно скијање

Ски центарот Маврово денес и утре нуди бесплатно скијање за сите ученици од државава, со што сака да ги мотивира да ги напуштат загадените градски средини и да одат на чист воздух додека да се вратат во школските клупи.

„Им излегуваме во пресрет и ги покануваме сите деца да бидат наши гости и да дишат чист воздух на планина додека да помине критичниот период. Се надеваме дека на оваа наша иницијатива ќе се приклучат и други институции за бесплатен транспорт и супервизија, бидејќи сите родители не се во можност да ги донесат учениците до Маврово“, вели Огњан Циговски, директор на Ски Центарот Маврово.

Оваа иницијатива е резултат на енормната аерозагаденост на воздухот во Македонија и по повод Светскиот ден на снегот, 19 јануари. Во текот на вчерашниот ден, сите деца скијаа бесплатно во Ски центарот Маврово.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…